Последните измени во Кривичниот законик каде се декриминализираат тешки коруптивни кривични дела, каде се прави обид за лична амнестија од идното, неминовно кривично гонење и сето тоа ставено под европско знаменце, создава терен за поткуп на пратеници, доведе до распад на кревката правна држава.

Тоа како држава, како институции, како народ не’ деградира и понижува пред целата светска јавност, се вели во соопштение на партијата Глас за Македонија од каде велат дека бара итна оставка од оваа лицемерна Влада, која едно зборува, а прави друго..

„Ова е Владата која не убедува дека само од уставните измени зависи нашиот европски пат, а со своите постапки не води кон најзаостаната диктаторска држава. Држава во која царува неказнето корупцијата во највисоките ешалони на власта.

Народот мора да ги запамети и сите неодговорни пратеници кои стиснаа зелено копче за променетиот Кривичен законик, а добро знаат дека не смеат да стават европско знаменце на закон кој не се прилагодува кон ниту една европска директива. Тие исти пратеници фрлаат и кон себе сомнеж дека се и самите вмешани во криминални зделки.

Оваа Влада, која направи хаос во образованието, здравството, која ги става под заштита криминалците во нејзините редови, мора да замине.

А народот ова последно самоволие не смее да го прости“ велат од Глас за Македонија.