Еден од најискусните македонски експерти за криминалистика, поранешен помошник директор во БЈБ и началник во СВР Куманово, Љубомир Ѓурчевски, ја предупредува опозицијата дека не смее да дозволи на 31 октомври власта да ја фалсификува волјата на граѓаните.

Целата негова реакција во продолжение:

Почитувана редакција!

Ви се обраќам со свој личен став по однос на денешниот прес на полковникот Ковачки Драган од ДПМНЕ, а во врска со дејствија кои биле превземени од полициските структури во МВР под раководство на Г-дин Оливер Спасовски.

Не дека се сомневам во дел од изнесените состојби за “Злоупотреба на службената положба” за партиски цели туку истата е беспредметно пошто во Прилеп локалните избори се завршени.

Втор момент е тоа што станува збор за регион кој организациски му припаѓа на СВР Битола и основано се сомневам дека началникот на СВР би требало да е запознаен со активностите и дејствијата кои ги превземаат полициските службеници кои се под негова надлежност.

Трето, многу ми смета што така добро организирана партија за работи од надлежност на полицијата прес конференциите ги работи со војници кои се надвор од криминалистичко – полициските и правните работи кои во основа треба да ги работат експерти од таа област кои ги има во партијата во позамашен број.

Лично сум разочаран од слабите резултати во областа на припремањето на кривични дела поврзани со изборите.

Имено, веќе постојат јавни поговарања дека власта на СДС и ДУИ на големо се припремаат за полнење на кутиите на избирачките места во Тетовско, Гостиварско, Сарај, Струга особено по селските средини како што се Велешта, Лабуништа, Чегране, Форино, Зајас, Осломеј, и други селски средини во општина Сарај.

Според моите извори факт е дека сторителите на овие дела се во тесна врска со лицата кои ги најави-коментираше америчката амбасадорка во Скопје (Пријава до Јавното обвинителство) и кои се во спрега со раководители во МВР кој треба да спречат или ја зајакнат полициската интервенција додека сторителите безбедно не се повлечат.

Ете тука ДПМНЕ е слаб и неорганизиран на терен да ги прибере и систематизира овие сознанија и уште сега да планира и преземе дејствија да го заштити изборниот процес.

Според мене лидерот и партиските структури на терен треба под итно да ги проверат овие сознанија и да превземаат мерки за поголем надзор и обезбедување на критичните избирачки места, да се координира со партиите на Албанците со кои соработува и сериозно да ги брифира посматрачите на ОБСЕ во Македонија како и сите релевантни Амбасади.

Затоа велам оваа работа не се работи со војници обучувани по НАТО стандарди. Ова е стриктно криминалистичко разузнавање со проценки на критични места каде најчесто се вршат вакви изборни кривични дела кои ги посочуваат лица-партиски членови од терен како и професионалци во МВР кои навремено сигнализираат со цел да се превенира состојбите а не отпосле да се држат пресови и да не се посочува идентитет на извршителите.

Затоа пак ќе посочам дека ова е работа на експерти за криминалистички и полициски работи а не за војници.