Криминалци напаѓаат полицајци со солзавец и тоа во станица, побудален возач се движи по плочник па боде со нож, мафијашки пресметки во кафулиња, убиства, кражби и разбојништва. Македонија станува се понебезбедно место за живеење.
И додека речиси секој ден сме сведоци на нови сериозни инциденти, надлежните од ракав вадат бројки и се фалат дека наводно криминалитетот бил намален.
Екс- полицискиот началник Љубомир Ѓурчевски вели дека со статистиката може да се игра и да се прикажува само она што некому му одговара, но дека ноторен факт е оти реалната состојба е друга:
- „Никако, ние овде во Република Македонија со оглед на сите овие кривични дела, пресметки по улици, пукање, злоупотреба на оружје, тепачки помеѓу малолетници, употреба на остри предмети, и т.н. кога ќе ги погледнеме од тој апект, што создаваат најголем револт кај граѓаните за да се чуствуваат небезбедни, морам да ја споменам и трговијата со дрога и пресметките на организираните криминални групи, поради преземање на подрачјето на цела Македонија, тогаш нас состојбата со полицијата ни е катастрофална. Тоа го потенцирам, катастрофална затоа што граѓаните се чуствуваат небезбедни особено во вечерните часови. Еве да направиме споредба, од 2012 до 2023 година за извршени кривични дела, ќе се покаже дека криминалот е зголемен да кажам едно 300 % сигурно повеќе кривични дела има извршено од 2012“ вели екс-началникот.
Во истовреме, политизацијата, криминалот и корупцијата кој дебело се инсталирани институционално доводеоа во МВР да се изгуби професионалноста вели екс-началникот. „Знаеш ли кој сум јас“ – е прашањето што ги плаши полициските службеници да ги спроведат законските норми.
- „Тоа е рак-раната на функционирањето на МВР. Значи корупцијата и политизацијата на институцијата, што ни се случува особено последниве години доведе до ситуација да се изгуби професионалноста. Во МВР да се вработуваат лица со крим досиеја, па дури и осудувани лица, и тие работат како инсектори. И сега состојбата ни е ваква каква што ни е, па организаторите на организараните групи на криминал влегуваат во полициска станица и ги малтретираат – Вие ако не сте безбедни во полициска станица за што зборуваме тогаш?“ … прашува Ѓурчевски.
Спротивно од ова, министерот Оливер Спасовски се пофали дека вкупниот криминалитет во државата бил намален за 8.3 проценти, но не објасни како е направена оваа статистика која очигледно не соодветствува со состојбата на терен.
Извор: Алфа тв