Демократската партија на социјалистите на Црна Гора (ДПС), Мило Ѓукановиќ, е поредложен за кандидат на партијата на претстојните претседателски избори закажани за 19 март.

Ѓукановиќ беше претседател во два мандати, а седум пати беше избран за премиер. Три пати се пензионирал од државните обврски и се враќал.

ДПС го утврди кандидатот два дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатури до Државната изборна комисија (ДИК), откако останатите партии ги предложија своите кандидати.

Претходно, Државната изборна комисија ја прифати кандидатурата на лидерот на Демократскиот фронт (ДФ), Андрија Мандиќ, и функционерот на Социјалдемократската партија (СДП), Драгиња Вуксановиќ Станковиќ.

Кандидатури за претседател на државата најавија лидерот на демократите и поранешен претседател на Парламентот на Црна Гора, Алекса Бечиќ, и заменик-претседателот на движењето „Европа сега“, Јаков Милатовиќ.