„Започната е реконструкција на буквално сите улици во Пржино и на најголем дел на улиците во Црниче проект кој што општината ќе ја чини односно во истиот ќе инвестираме над 13 милиони денари, истиот ќе опфати улици во должина над 6 километри или над 12 илјади метри квадратни патна инфраструктура која што ќе ги подобри условите за живот овде на нашите сограѓани“ – изјави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој рече дека интензивно како општина во изминативе не цели 6 месеци работат на подобрување на условите на сите граѓани од сите сегменти на живеењето.

„Во финална фаза сме со реконструкција на улицата Наум Охридски, темелна реконструкција во која што имавме исправка на проектот со продолжување на атмосферската канализација, односно замена на истата од Ф 200 во Ф 500 со што исто така еден долгогодишен проблем во однос на атмосферските води се решава и долгорочно го решаваме изминатиов период направивме целосна реконструкција на улицата Рилски Конгрес доле во Црниче, 680 метри улица инвестираме паралелно и во подземната инфраструктура. Така што како општина сето она што 30 години беше мака и ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци изминатиов период.

Со тоа исто засилено темпо ќе продолжиме и во наредниот период, што значи она што ние сме се обврзале пред нашите сограѓани пред 6 месеци во изборната кампања да биде дел од нашата програма и да го ветиме пред истите, еве во пракса покажуваме дека истото и достоинствено како што заслужуваат нашите сограѓани го реализираме, односно ги подобруваме етапно нивните услови за живот.

Сакам денеска да изразам огромна благодарност затоа што една од моите најголеми поддршки е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски кој што денеска е тука со нас.

Претседателе благодарам за вашата поддршка, благодарам на Советот, советничката група која што цело време ми се потпора во изминатиов период. Благодарност и до пратеничката која што ревносно исто така се бори во Собранието да имаме заеднички успех не само на локално, туку и на централно ниво на начин што предлага доста предлози односно амандмани кои што се исто така за подобрување на условите за живот на нашите сограѓани овде во Кисела Вода“ – вели Ѓорѓиевски.