Првиот човек во македонскиот дел од мешовитата Комисија за историјата со Бугарија вели дека напредокот што е направен на средбата со бугарските колеги на никаков начин не ја засега употребата на придавката македонски за именувањето на народот, јазикот и историјата, како што објавија некои медиуми.

Според професорот Драги Ѓоргиев напредокот се однесувал да нема блокада во работата, договорено е во записниците дословно да се цитирааат дискусиите на двете страни, со оглед дека и двете страни остануваат на своите позиции околу придавката.

„Дискусиите ќе се цитраат точно онака како што ги кажале дискутантите, дискусиите. При тоа мора да кажеме дека придавката македонски беше во употреба и пред тоа и сега е во употреба“, вели Ѓоргиев за Канал 5.

„Само во одредени ситуации тие инсистираат таа придавка согласно со Преспанскиот договор, согласно со договорот што го има меѓу Македонија и Бугарија за јазикот , тука да се применува тој договор.

И не станува збор за апсолутно целосно неупотреба на придавката македонски. Во историски концепт таа придавка ќе се употребува, македонски народ, македонска нација… Значи на технички начин сите дискусии и нивните и нашите ќе бидат целосно пренесени во записникот“, вели професорот.