„Само во март оваа година падот на бројката новородени деца во однос на најлошата 2022 година е 18 проценти. Ако ги видиме бројките од првиот квартал од 2023 година и ги споредиме со првиот квартал 2016 година, доаѓаме до една фрапантна бројка, ужасна бројка, а тоа е дека бројот на родени деца во Македонија е паднат за 40%.

Ова го изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител.

Како што рече, никогаш во историјата на Македонија сме немале полоши демографски бројки и тие се влошуваат, без разлика дали гледаме за број на родени деца, број на ученици, број на средношколци или број на студенти…

„Она што е евидентно според бројките е тоа што Македонија ги живее своите најтешки демографски години овие неколку години. Според податоците на Државниот завод за статистика прв пат во 2019 година имаме повеќе умрени отколку родени лица во Македонија. во 2022 година имаме најмалку родени во историјата  односно само 17.700 бебиња“, рече тој.

Ѓорчев истакна дека во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година имало 23.002 родени бебиња, додека во време на владата на СДСМ во 2019 година имало 17.700 родени бебиња.