Ѓорчев: Класична уцена е барањето за уставни измени пред членство во ЕУ (ВИДЕО)

Поранешниот македонски амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев, тврди дека ЕУ има начин преку своите тела да го реши проблемот со Бугарија, а сè што е надвор од Копенхашките критериуми не треба да е услов за зачленувањето на Македонија.

„Уставни измени пред зачленување на земјава во ЕУ се класична уцена“ – вели тој.

„Она што го бара опозицијата во моментов е легитимно барање и ЕУ треба да одговори правилно“, вели Ѓорчев во „Тема на денот” на Сител телевизија.

„Ние тоа што го бараме е поддршка од ЕУ. Работи кои што не можат да бидат политички интерпретирани се културата, историјата и образованието, тоа е нешто што за кое што секоја држава има право да си го решава на начин за кој што постојат историски факти, за кои што постојат документи, за кои што постојат архиви. За тоа не би требало политиката да меша прсти и тука да имаме политички интерпретации на една или друга држава“, вели Ѓорчев и додава дека Македонија има дадено многу жртви за ЕУ, и направено многу реформи.

„Бараме од ЕУ да ги почитува своите стандарди, Копенхашките критериуми и да го отстрани сето она нам што претставува пречка за нашето зачленување во ЕУ. Прашања кои што не се дел од Копенхагешки критериуми не треба да се коментираат и да се услов за зачленување во ЕУ“, рече Ѓорчев.