По петчасовната борба и во драматичен спектакл во пет сета Новак Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер – 7: 6 (5), 1: 6, 7: 6 (4), 4: 6, 13:12.

Ѓоковиќ стигна до  16-та Грен слем во кариерата, петта на Вимблдон, откако тој турнир го освојуваше во 2011, 2014, 2015 и 2018 година.

Српскиот тенисер го победи Швајцарецот петти пат по ред, и сега во меѓусебните натпревари води од 26-22.

Новак е, исто така, првиот играч кој го освои Вимблдон по спасената меч топка, нешто што не се случило цели 70 години, а финалето што го игра со Роџер беше најдолг во историјата на Отвореното првенство на Велика Британија.