Новак Ѓоковиќ повторно е во имиграциски притвор во Мелбурн каде ќе го чека почетокот на официјалното рочиште на кое ќе се одлучува дали ќе може да остане во Австралија откако му беше укината визата по втор пат, поради тоа што не бил вакциниран.

Австралиската влада, стравува дека престојот на тенисерот во земјата би можел да „поттикне антивакцинално расположение“.

Адвокатите на тенисерот ја обжалија оодлуката на министерот за имиграција Алекс Хок.

Судијата Дејвид О’Калахан закажа официјално рочиште пред Федералниот суд на Австралија за денеска во 23.30 часот по средноевропско време.

Австралиската виза на Ѓоковиќ беше укината по втор пат, откако тој влезе во земјата невакциниран против коронавирусот, но со медицински исклучок, за да учествува на Австралија Опен.

Доколку Судот не пресуди во негова корист, Ѓоковиќ ќе биде депортиран а му се заканува и тригодишна забрана за влез во Австралија.