Ѓоковиќ пак ќе бара правда на суд доколку решат да го депортираат

Новак Ѓоковиќ веднаш ќе поднесе жалба и ќе ја бара правдата на суд, доколку министерот за имиграција, Алекс Хок, сепак реши да го депортира од Австралија.

Австралискиот „Ејџ“ објави дека Хок се уште ја разгледува документацијата што адвокатите на Новак ја доставиле во средата и затоа тој ја одложил одлуката за еден ден.

Доколку Хок реши да го депортира, тимот на Новак веднаш ќе поднесе жалба и повторно ќе оди на суд, а се надеваат дека судењето ќе започне во сабота и дека се ќе биде решено во недела.

Неименуван политичар од Владата за „Ејџ“ изјавил дека Хок е блиску до одлука да му ја укине визата и да го депортира, а тоа ќе го намали времето за подготовка за ново одење на суд.

Не се знае дали Хока Ѓоковиќ по евентуална одлука ќе биде вратен во хотелот за имиграција, пишува Б92.