Ѓоковиќ на пладне пристигнува во Белград

Новак Ѓоковиќ се враќа директно во Србија откако мораше да ја напушти Австралија. Ѓоковиќ најпрво слета во Дубаи од Мелбурн, а потоа продолжи со авион кој треба да слета во Белград околу 12:10 часот.

Најдобриот тенисер на светот мораше да ја напушти Австралија бидејќи не доби виза.

Министерката за внатрешни работи на Австралија Карен Ендрјус потврди дека на Ѓоковиќ, покрај одлуката за депортација, му е изречена тригодишна забрана за влез во Австралија, но исто така истакна дека тоа се“ уште не се разгледува.

„Забраната може да биде укината во случаи кога ќе се докаже причината за тоа, но тоа не е нешто што ќе се разгледува денес или утре, туку во иднина“, рече Ендрјус.

Со протерувањето, Ѓоковиќ остана без шанса да се бори за рекордната 21. Грен слем титула.

Ѓоковиќ најави дека нема да се огласи за време на Австралија опен, кој започна синоќа.