Ѓоковиќ е само колатерална штета во борбата за изборни гласови во Австралија

Австралискиот весник „The Age“ одново се наврати на случајот со протераниот Новак Ѓоковиќ, а според новинарот Дарен Кејн, српскиот тенисер бил „колатерална штета“ на политиката на актуеланта влада која под мотото „цврсти граници“ се обидува да привлече гласови на престојните избори во земјата.

Одлуката на актуелниот министер за имиграција Алекс Хок да му ја одземе визата на Новак Ѓоковиќ, иако претходно му била одобрена, е пред се политичка, тврди новинарот.

„Ова не се разликува од другите демонстрации на сила на австралиската влада кога се во прашање границите и безбедноста. Силни граници = гласови. Тоа е тоа. Ѓоковиќ не е ништо друго освен колатерална штета“, се наведува во текстот.

Авторот потсетува на сличен случај кога австралиските власти покажале „страшно чувство за правда“ само заради гласовите во избори.

Во 2014 година додека министер за имиграција бил сегашниот премиер , Скот Морисон, еден имигрант починал поради политиката на запирање на имигрантите и силен отпор кон тоа.

Австралиските власти го протерале имигрантот Хамид Казаеи во Папуа Нова Гвинеја, каде каде не добил соодветна помош, а кога се смилувала да му помогне веќе било доцна и тој починал. Подоцна се испостави дека Казаи веројатно би преживеал доколку бил лекуван директно во австралиска болница.

Новинарот натаму прашува како тоа невакцинираниот Ѓоковиќ можел да ја наруши целата стратегија за вакцинација во Австралија.