Амбасадорот на Европската унија во земјата, Дејвид Гир, уверува дека патот за членство на Македонија кон ЕУ е отворен, преговорите се во тек, а Брисел сака да ја види земјата како полноправна члена на Унијата.
„Што е однесува конкретно на измените на Уставот за вклучување на лицата кои се самоидентификуваат како Бугари, всушност тие промени нема да бидат драматични оттаму што ќе бидат само консолидација на и онака добрата оценка што ја ужива земјата кога станува збор за уредувањето на меѓуетничките односи“, изјави евроамбасадорот. кој денеска престојуваше во работна посета на Општина Дебрца.
Гир вели дека секоја држава го уредува Уставот согласно своите специфики, интереси, околности.
„Инклузијата на одредени заедници во Уставот не ги загрозуваат националните интереси на државата. Но, сепак, тоа е прашање што треба да го донесе самата држава“, нагласи евроамбасадорот Гир.