…Сигурно не сте ја пропуштиле и изјавата на ЕК од минатата недела во Брисел, со која се изразува нејзината загриженост за измените на Кривичниот законик, пред сѐ употребата на европското знаменце, кое го сметаат за несоодветно, бидејќи тоа е закон кој треба да биде дискутиран.
И како второ, големата загриженост изразена од Комисијата од ризикот дека овие измени можат да доведат до зголемување на неказнивоста во земјата“ изјави Гир кој денеска денеска не штедеше зборови за состојбите со владеењето на правото, при што ја пофали работата на Антикорупционерите и Народниот правобранител, но рече дека многу често по нивните препораки не се постапува.
Моменталната ситуација со почитување на владеењето на правото во земјава е далеку од задоволителна.
Ова денеска на стартот на проектот финансиран од Европската унија во висина од 10 милиони и 250.000 евра, за поддршка на владеење на правото во земјава, го изјави евроамбасадарот, Дејвид Гир, според кого иако е постигнат одреден напредок на полето на владеење на правото, преку законодавството и во работењето на одредени институции, сепак уште многу е потребно за подобрување на состојбата со владеењето на правото во земјава.
„Сѐ уште има долг пат да се изоди за да се постигнат стандардите кои граѓаните имаат право да го очекуваат од властите на земјите, а ЕУ да го очекува од земја-кандидат. Постои потреба од значајна промена преку усвојување на закони и практики кои се на линија со европските стандарди и критично, нивната имплементација и спроведување„, рече Гир.
Гир притоа упати критика дека во изминатите недели и месеци имало многу случувања кои ја ставиле под знак прашалник посветеноста за реформи, со укажување дека и овој тренд мора да запре.