Историчарот Васко Гичевски објавува доказ дека не работи сајтот на Министерството за образование преку кој се аплицира за упис во средните училишта.
Гичевски прашува кој ќе биде одговорен за тоа што дел од децата нема да можат да аплицираат во средните училишта.
,,Пропаднато до коска! Сајтот на МОН не функционира, скоро цел ден, а со тоа не функционира ниту страницата за упис во средно.
Дали некој ќе одговара за тоа што голем дел ученици нема да можат да поднесат апликации?
Дали ќе одговара некој заради неажурирани апликации на учениците, бидејќи истите имаа право да ги ажурираат до последен момент?
Зошто пак да ги ажурираат?
Бидејќи некадрата држава обезбеди сведителства вчера и завчера а официјалниот рок беше да се поделат до 10 јуни( рокот го пропиша истото тоа Биро за развој на образованието или како јас милувам да го викам, Биро за деградација на образованието), па класните раководители се претргнаа и по ноќе пишуваа сведителства.
Истите тие наставници кои катадневно ги плукате и фрлате со дрва и камења по нив.
Сега сакам да видам родители кои ќе плукаат против паднатите сајтови, против промашените рокови и неизвршените обврски на државата кон децата.
Греота и срамота е за децата пред се, ние што поминавме на редот поминавме во колку толку понормално време, но децава што гледаат? Преддржавно уредување, кое замислило дека е држава!”, пишува револтираниот историчар.