Ги збуни сите и самиот себе: Што разбраа граѓаните од изјавата на „самокиднапираниот” пратеник Реџепи

Конфузијата во изјавата на пратеникот на БЕСА Реџепи за тоа зошто исчезнал а кој меѓу другото тврди дека не е избркан од партијата предизвика многу реакции од граѓаните.

Некои од реакциите се со чудење, некои со неверување а некои пак се полни со иронија и сарказам.

“Фактички Кастриот Реџепи легнувал и се будел со датумот и го молел Заев да не ја поднесувал оставката 🙂

И после се потпишал за да ја урива владата откако Заев кого претходно го молел да не поднесува оставка – ја поднесе оставката. А се потпиша да урива влада во случај да не пројде оставката :)) И кога Заев ја одложил оставката, решил да не ја урива владата за што се потпиша на лист во случај Заев да не ја поднесе оставката која тој го молел да не ја поднесе :))))

🤡 Не знам шо не е јасно!”, пишува Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит за конфузната изјава на Реџепи кој денеска држеше прес конференција.

Да беше на Детектор за лаги ќе изгореше машината вели друг упатен во македонската политика

https://www.facebook.com/100002934228134/posts/4774380146003079/

“Ако добро сфатив, овој Кастриот Реџепи се самокиднапирал!”, иронично коментира Бранко Героски за пресот на пратеникот.

Што се кажа Реџепи денеска:

Кастриот: Во интерес на земјата се засолнив на денот на изборите

Сите коментари на изјавата на Реџепи на Државната агенција МИА

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/612750586539717/

Целото видео од пресот на Реџепи

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/393835779105071/