На денешното судење по приватна тужба премиерот Зоран Заев тврдеше дека зад скандалот “Рекет” стои ВМРО-ДПМНЕ иако има безброј фотографии на кои се гледа дека тој, неговата сопруга, вицепремиерката Шеќеринска и други високи членови на СДСМ биле блиски на Боки 13.
Тој ова го изјави по денешното судско рочиште во Граѓанскиот суд каде се тужи со потпретседателот на опозициската партија, Александар Николовски за изјава во која тој рече дека Заев е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра.
“Зоран Заев е човекот кој го пријави овој случај и почна постапката на повикување на сведоци и доказни материјали. Ова е првпат во државата премиер да пријави ваков случај на основа на идиции и сознанија и драго ми е што случајот е ресветлен и има осудени лица и апсолутно се знаат сите детали од самиот случај, според мене во самото судско рочиште се утврди дека парите се дадени за одредени цели да се постигнат, но дефинитивно можам да потврдам, имајќи во предвид кој како во минатото спонзорилал политички партии и како тоа го правел, дека ВМРО-ДПМНЕ во најмала рака стои зад оваа работа”, рече премиерот говорејќи за себе во трето лице еднина.
Чудни се патиштата судски, денес си наводен дојавител утре осуденик
Пријавителот на „Рекет“ може да се претвори во извршител (ВИДЕО)