Ги нема никаде во медиуми, ДЗС ја враќа довербата во пописот преку сопштенија

Државниот завод за статистика информира дека попишувањето продолжува со нормален интензитет и темпо и го поттикнува населението со доверба да ги примат попишувачите во нивните домови и да ги дадат потребните податоци, а сè со цел успешна реализација на овој статистички процес.

„Во последниве денови се појавија голем број шпекулации околу тоа како се спроведува попишувањето во државата и со какви проблеми се соочува Државниот завод за статистика во теренските активности. При спроведување на големи акции од типот на попис, со користење на високософистицирана технологија, сосема нормално е да се појавуваат технички проблеми кои се надминуваат во од, односно во најкус можен рок. Зад оваа статистичка операција стои експертски тим за поддршка кој им е постојано на располагање на попишувачите и кој во живо го следи процесот на попишување на терен и интервенира во истиот момент доколку се појави некој проблем, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.