Ги фатил хигиеничарите на седење: Зошто била општината толку нечиста

Старо – новиот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски утрово бил во вонредна контрола на службата задолжена за чистење на улиците и одржување на хигиената на општината.

“Од тоа што го затекнав на терен ми стана јасно зошто Карпош беше толку нечист и запуштен во овие изминати четири години.

Наместо да ги чистат улиците, ги најдов сите како седат на едно место и ништо не работат. Нема да дозволам општинската администрација да се однесува неодговорно кон работата и кон своите сограѓани.

Заврши времето на неработење во Општината.
Во моментов во Карпош задолжени за хигиената се 118 вработени, а Карпош никогаш не бил понечист.

Во предизборната кампања ветив дека Карпош повторно ќе го врати својот сјај и имам намера да го исполнам тоа.
Карпош повторно ќе биде чист, улиците повторно ќе бидат уредни и средени!”, објави Јакимовски утрово.