Ги е*еш мутавиве Мачедонци: Наш дипломат го кодоши својот народ кај Борисов (ФОТО)

Директорот на културниот центар на Македонија во Тирана избран од Владата на СДСМ Златко Ориѓански предизвикува бура од коментари на „Фејсбук“ со своите пораки до бугарскиот премиер Борисов.

Златко Ориѓански кој неодамна јавно се пожали што министерството за култура му бара диплома за завршен факултет за да биде директор во нови постови ги навредува Македонците, нарекувајќи ги глупави.

Пораките на Ориѓански до Борисов доаѓаат неколку дена откако беше откриено дека Бугарија во заклучоците на ЕУ за Македонија поставила услов да се откажеме од македонскиот јазик и малцинства ако сакаме да започнеме преговори за членство во ЕУ.