„Помисли на ова, другар Стево Пендаровски, сега, пред почетокот на твојата кампања. Ова е твојата најважна тема, кандидату ѓоа натпартиски. Ма не е битна партијата, човече! Ти имаш задача да се одредиш кон таа судбинска тема, тебе (можеби баш тебе) те чека државничка и човечка мисија да ја помириш нацијата и да понудиш платформа за вистинска обнова на ова полураспаднато општество“ Ова му го порачува новинарот Бранко Героски на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во колумна во која предупредува дека во „Норт“ Македонија не е добро, дека има масовно иселување на млади поради што, како што вели, „за пет години Македонија ќе има стапка на невработеност нула, а може да загази и во негатива“.

Без тоа, знај, твојата победа ќе биде Пирова. Апсолутно безначајна. Без тоа, ти, како иден шеф на оваа држава, нема да бидеш многу повеќе од шеф сале, од дупнат ауспух на твоето претседателско „југо“ што тропа по асфалтот…

Размисли, другар Стево, добро размисли! Обиди се да не нѐ разочараш. Како другите“ пишува Героски во колумна за +Инфо.