„…тажно е кога еден млад и веќе зрел човек, без оглед што е кадар на СДСМ, заговара култ на личноста на неговиот шеф Зоран Заев. Срамни и недоветни се оние споредби со Тито. Срамно е тоа и за Каевски, но и за СДСМ и за Заев.

Но, да се разбереме, јас имам разбирање за ова момче. Многу позбрчкани “умови”, впрегнати во пропагандата на СДСМ, многу познати јавни личности, отворено и без никакви скрупули, го градат култот на личноста на Заев. За привилегии, за пари ли, за да штрбнат од неговата слава… Не знам, навистина не ми се јасни тие луѓе, на кои денес им се случува она што и пред половина век се сметаше недостојно за возрасни луѓе, башка интелектуалци…

Народ што има ваква младина на чело на разни државни институции, како она момче Дарко Каевски, треба многу сериозно да се загрижи за својата иднина!- предупредува новинарот Бранко Героски во својата колумна за Плусинфо.