Во врска со таканаречениот „демант“ на поранешниот премиер Зоран Заев, новинарот Бранко Героски има три едноставни прашања и еден поздрав до општественикот.

Ова се прашањата:
1 Дали се одржал состанокот на потесното раководство на СДСМ на 21 декември, на кој, освен тој, Зоран Заев и Венко Филипче, присуствувале лидерот Димитар Ковачевски, генералниот секретар Миле Зечевиќ, Радмила Шеќеринска и уште неколку други членови на партискиот врв? Го демантира ли Заев овој настан?

2 Дали на тој состанок Зоран Заев изнел план во седум точки, опишани во текстот на „суетниот Геровски“, кого го спомнува во својот т.н. „демант“?

3 Демантира ли Заев дека во етно-туристичкиот комплекс Бела Вода во близината на Берово тој и Филипче се состанале со двајца претставници на македонска опозициска партија (нивните имиња засега ќе ги задржиме во тајност)? Дал на тој состанок Заев го презентирал својот план? Ја демантира ли Заев оваа средба? Дали можеби имало повеќе од една средба во истиот состав?”, прашува Героски упатувајќи поздрав до Заев.

,,Поминаа времињата кога Заев може да се вади со евтини приказни и со тоа што некого ќе нарече „суетен“, некого „криминалец“, а некого „пе*ер“. И тоа во јавноста да помине туку-така.
Сепак, овој т.н. „демант“ ме радува, бидејќи тој можеби значи дека Заев се откажал од својот пеколен план на Ковачевски да му ја „растури“ партијата, како што се заканил во разговор со една своја високо позиционирана сопартијка во еден познат скопски ресторан.
Но, јавно го предупредувам претседателот на СДСМ Ковачевски да биде крајно претпазлив пред претстојната седница на Централниот одбор на партијата. Бидејќи Првиот Њутнов закон на македонската политика гласи – во Заев верба нема.
А во случај филмот „Повратак отписаних“ да потрае, „суетниот новинар“, се разбира, чува „муниција“…, напиша Героски.