Новинарот Бранко Героски го детектира главниот проблем зошто се уште не се пушта во употреба автопатот Миладиновци – Штип кој требаше да стартува уште лани во септември, па во март, на крајоот од мај а сега министерот за транспорт и врски Сугаревски не се осмелува да даде ни попрецизен датум од „деновуиве“

„…Проблемот е многу подраматичен, речиси непремостлив. Имено, сезона е на матурски веселби и свадби и трубачите што беа ангажирани на свеченото отворање на делницата Демир Капија – Смоквица, се презафатени и немаат слободен термин.


И сега се бара – мој термин.

Ете, тоа е“, пишува Героски во колумна за Плусинфо.