Новинарот Бранко Героски упатува две ,,ВИН-ВИН”, прашања за новинарката Оливера Трајковска и политичкиот аналитичар Петар Арсовски кои на Телма со потценување ги анализираа информациите што уредникот на Плусинфо ги објави за обидот на Заев да ја врати контролата на СДСМ.

,,Вечерва (12 јануари) ја изгледав емисијата „Вин-Вин“ на Телма, во која гости на Оливера Трајковска беа Васко Наумовски, вицепремиер од 2008 до 2011 година и аналитичарот Петар Арсовски. Голем дел од емисијата беше посветен на планот на Заев што го осуети Плусинфо.

Со должно внимание кон Плусинфо и кон историјата на овој медиум на лиферување кредибилни информации (оценка на Васко Наумовски), тројцата соговорници направија многу интересна анализа на овој план, којшто водителката го означи како хипотетички, а сценариото како – шпекулативно.

Со препорака да ја погледнете емисијата, а разбирајќи ја непријатноста кога станува збор за дебатирање за „хипотетички“ планови и ситуации, секако и со цел да им помогнам да ги утврдат фактите, за драгата колешка Оливера Трајковска и за мојот пријател Предраг Арсовски имам по едно прашање.

1. Драга Оливера, тешко ми е да поверувам дека новинар од ваш калибар не може на три релевантни адреси да собере точни информации за наводите што ги изнесувам во моите написи. Доколку тоа сепак претставува некаква тешкотија, дали би сакале во директна комуникација да ви посочам извори преку кои можете точно и прецизно да утврдите што е што?

2. Драг Петар, во првиот напис на оваа тема спомнав дека на состанокот на 21 декември во седиштето на Бихаќка присуствувал и еден политички аналитичар, кој презентирал анкета за рејтинзите на политичките партиите. Дали можеби знаете кој е тој аналитичар?”, пишува Героски најавувајќи дека утре во 9 часот наутро на ПЛУСИНФО ќе објави како е осуетен пеколниот план на Заев кому сега според Героски му остануваат две можности – глупости: Интерпелација за Владата и пуч на седницата на Централниот одбор на СДСМ.