Героски му одговори на Фрчкоски: Ко секира у ла*на. Шлаааак!

Новинарот Бранко Героски во свој стил му одговори на Љубимир Фрчкоски кој заедно со Владимир Милчин ги обвини за фашизам поврзан со нивниот проглас за единство и од рана на идентитетот во спорот со Бугарија.

,,Вечерва разбрав дека „прогресивното“ граџанство денеска било во оргазмички транс, предизвикан од некаква колумна на амбасадоров кому нема кој да му напише акредитација.

Овој од фоткава долу.

Ја прочитав пред малку таа тирада со многу цитати, во која тој се обидува да докаже дека кај мене и кај Милчина регистрирал „фашистички говор“.

И предлагал очајников да ни се спротивставел еден „сартровски скандал“ и да нѐ повлечеле (тие, „прогресивните“, демек) „во провалијата на слободата и самодефинирањето“.

Завалијата…

Кога станува збор за повлекувањето, мене може да ме повлече знае за што.

А она за сартровскиот скандал, тоа е веќе малку посериозна тема, која во случајов на неакредитираниов има нагласено автореференцијално значење. Во првата згодна прилика ќе му посветиме малку внимание на тој момент. Колку да го потсетиме граџанството со кого си има работа…
Но, да не му го упропастуваме викендот на амбасадорот.

Немам ни мотив, да бидам искрен, се додека очајников не успее некако да се факторизира, откако претходно успеа да упадне во јамата на политичката ирелевенација од која се ужаснува. Ко секира у лајна. Шлаааак!
Ху д’ фак ис Шврчковски, енивеј?”, одговара Героски на колумната на Фрчкоски.

Фрчкоски ги поврза Милчин и Героски со дефиницијата на фашизмот