Уредникот на порталот плусинфо.мк Бранко Героски кој минатата недела си даде оставка од раководното место во провладиниот весник “Слободен Печат” денеска е мета на жустри вербални напади од страна на симпатизери на владата и СДСМ.
Причината е неговата колумна во која пишува за обидот за киднапирање на прославата на РК Вардар од страна на власта.
Меѓу мнозината кои со погрдни зборови му се обраќаат на Героски е и професорката Биљана Секуловска Габер чиј сопруг е шеф на комисијата за историја и образование со Грција а ќерката и е висок функционер во владата на СДСМ и ДУИ.
Според Габер, Героски не може да разбере колку е голем Шилегов на кого во голем дел се однесува колумната.
“Срамен напис!!! Така е веројатно бидејќи одамна се заборавило што значи државничко, културно и воспитано однесување, независно колкумина ќе го разберат…
Жално е што токму затоа текстописецот дури не е ни во состојба да ја разбере големината на Градоначалникот!!!”, пишува Габер во критиката за Героски.
“Геро има сериозни психички проблеми” пишува извесен Сашо Молчанов.
“Петре е посебна тема за дискусија но со ова писание Геро застана на страната на фашистичката, насилничка, бандитска багра која скандираше она што и беше сервирано од базата. Да се чита понатаму овој измеќар е навистина губење време”, пишува хирургот Ѓорѓи Јота за Героски по кого следуваат и многу други коментари како оној на извесен Александар Ангеловски:
“Да му се фатите на Петре. Со обете раце”.
Причината за нападот врз Героски: