Новинарот Бранко Героски, претпладнево беше во седиштето на СДСМ, во обид да го пронајде наводниотг обезбедувач од Бихаќка, извесен Борче Гиноски, кој синоќа му се закани на Фејсбук.

По серијата текстови што ги објави Героски за извесна „рекетарска банда“ која шири страв низ Македонија, тој на Фејсбук доби закана пртеку Фејбук дека „ќе биде бањат„ во Вардар“.

„На средбата со лицата во СДСМ утврдивме дека не постои таков човек вработен како обезбедување. Не е се уште потврдено дека таква личност не е член на партијата, но добив се што требаше за да видат дека не се работи за обезбедување. Сега ми преостанува законски и процедурално да барам заштита од институциите“ соопшти Героски по средбата.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави дека на Героски му било докажано дека лицето Борче Гиноски не работи во обезбедувањето на партиското седиште.

Обезбедувачот на СДСМ што му се заканил на Героски се сликал со цел партиски врв (ФОТО)