Не знам кој што му кажал на премиерот Заев, но тој знае дека една од трите основни причини поради кои на осомничените и на обвинетите им се определува мерка притвор е опасноста да се дадат во бегство, реагира новинарот Бранко Героски на изјавата на премиерот Зоран Заев дека Рашковски имал право сам во определено време од денот да оди на лекар.

„Ако судот издал решение во кое прецизно назначил дека на притворениот Драги Рашковски му е дозволено во „точно определено време“ да оди на лекар, тогаш е направена голема грешка.

Притвореникот во домашен притвор не смее да го напушти домот. Ако има „здравствени потреби“ поради кои тој треба да појде на лекар, мора да биде спроведен со полициско обезбедување и потоа вратен дома исто така со полициско обезбедување – на ист начин како што притворениците од Шутка ги носат по болници и ги враќаат назад во притвор, потсетува Героски.

Но, веќе знаеме дека Заев ја замајува јавноста со недоветни „објаснувања“, а намерата му е да го прикрие фактот дека Рашковски е привилегиран притвореник, како што Зоран Милески Кичеец беше привилегиран затвореник (пак ќе биде), кој доби месец дена отсуство од затвор за да се „лечи“ од тахикардија и така беше учесник во тешка сообраќајка со жртва…

„Зоран Заев е човекот „алфа и омега“ во оваа држава. Го има во сите ролји и во правосудството – тој е и пријавувач на кривични дела, потоа истражител, обвинител и судија, во кризни ситуации е координатор на органите на прогонот, а кога мора е и лекар, пекар, апотекар…Блазе си ни!- пишува Героски.

Заев од медиуми дознал дека Рашковски шетал – вели имал право