Што велат фактите, а што лагите и манипулациите, за вчерашната судско-обвинителска бурлеска, во која во еден ден, во период од само неколку часа, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше ослободен од притвор и потоа му беше доделен нов притвор – анализира новинарот Бранко Героски во текст на Плусинфо.

1. Вистина е дека Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата од 11.106.501 евро, со која Судот мерката притвор ја преиначи во мерки за претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во суд.

Лага е дека Мијалков гаранцијата ја понудил во кеш. Неправосилно осудениот Мијалков добил кредит од банка, за што понудил хипотека на свој имот како обезбедување на кредитот. Банката можела да одлучи вака или онака, но во секој случај не можела да прифати обезбедување на кредитот да биде незаконски стекнат имот.

Со тоа сите дебати за начинот на кој е стекнат имотот даден под хипотека се сведуваат на шпекулации. Кој сака со ова да спори, мора да се обиде да докаже дека наведениот имот е стекнат незаконски. Поинаку не може.

2. Вистина е дека Апелацискиот суд донел одлука што може да се нарече контроверзна, со оглед на фактот што Мијалков за предметот „Трезор“ е неправосилно осуден на 8 години затвор (за овој предмет е донесена одлуката за ослободување од притвор), а тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет-тврдина“, со која е осуден на 12 години затвор.

Сепак, не е вистина, туку манипулација, тврдењето дека судиите постапиле спротивно на законот. Тие постапиле по сопственото судиско убедување, а еден од тројцата судии што решавале го издвоил мислењето.

Шпекулација, или јавна тајна, за која инаку не се пишува многу, е и тврдењето дека судијата што го издвоил мислењето е под силно влијание на сдсмовскиот дел од актуелната власт. Таа шпекулација води кон нова, имено кон одговорот на дилемата кој ја извадил вчера попладне обвинителката Лиле Стефанова буквално од пижами, за итно да поднесе барање на Мијалков да му биде определена мерка притвор за „Плацеви на Водно“.

Целата анализа на следниот линк:

Македонија нема да се гордее со оваа бурлеска!