„Руската економија е во колапс“, ги информирал германскиот министер за економија Роберт Хабек пратениците, додавајќи дека Германија ја одиграла својата улога, намалувајќи го извозот во Русија во март за 60%, а уште поостар пад се очекува во април.

Низ сојузничките земји кои учествуваат во санкциите, извозот во Русија падна за 53% во однос на претходните месеци, додека падот кај неутралните или проруските држави беше 45%, вели германскиот министер според кој Русија е во економски „цајтнот“


„Путин сè уште добива пари, но времето не работи за Русија, работи против Русија“, рече тој.

Како резултат на санкциите, Москва го изгуби пристапот до деловите клучни за нејзината способност да се бори со војната, рече Хабек, како што се „безбедносните ажурирања за авионите, со резултат дека авионите наскоро ќе бидат приземјени“.