Германската влада ќе исплати 200 евра еднократна помош за да ги ублажи последиците од поскапувањето на енергенсите на околу 3,4 милиони студентите и уна ученици во стручните училишта.
Оваа меркае дел од пакетот помош за германските граѓани, кој треба да ги ублажи финансиските последици од поскапувањето на енергенсите, особено на гасот, пишува Индекс.
Покрај овие 200 евра, 575 евра помош за зголемените трошоци за парно веќе им се обезбедени на студентите со послаба финансиска состојба кои се во државната програма за кредитирање на студиите.
Вработените и пензионерите ќе добијат по 300 евра како дел од пакетот помош. Пакетот за помош предвидува наплата на сметките за бензин за декември и воведување плафон за цената на гасот од март следната година.
Над 300 милијарди евра се издвоени за вкупно три пакети помош од федералната влада, кои треба да ги ублажат финансиските последици од значителното зголемување на цената на енергенсите.