Германија: Србија да избере или ЕУ или Русија

Берлин е „изненаден и разочаран“ од фактот што Србија ја продолжува економската соработка со Русија.

Германските власти го повикаа српскиот претседател Александар Вучиќ да направи конечен избор, објави весникот Die Welt, повикувајќи се на свои извори.

„Потребата [Србија] да донесе одлука станува сè поакутна со оглед на геополитичките настани“, рече извор од германската влада. 

Берлин е подготвен да му помогне на Вучиќ доколку тој го продолжи својот курс кон евроинтеграциите, но ако направи поинаков избор, Србија „треба да ги очекува соодветните последици“. 

И српскиот претседател претходно кажа дека ќе биде тешко ако не воведат санкции против Русија. Србија е една од ретките земји која не се приклучи на санкциите. Имаше закани дека може да ги вратат визите за српските граѓани, но и да ги замрзнат преговорите со ЕУ.