Германија почна да не именува како Македонци* со ѕвездичка. За прв пат во јавна комуникација Македонците на германски јазик се именуваат како Македонци со ѕвездичка.
Според правилата на германскиот јазик името на нацијата доаѓа од придавката поради што македонците се нарекуваат Nordmazedonier или северномакедонци.
Ѕ. Македонија повторно и повторно докажа дека ниту една пречка не може да ја спречи на патот кон Европската Унија. Сигурна сум дека ќе го добиете вашето место на масата на ЕУ како земја-членка, изјави германската министерка за надворешни работи Ана Лена Бербок на прес-конференција со нејзиниот колега Бујар Османи во Скопје.
,,Договорот конкретно со Бугарија се уште им задава стомачни болки на многу Македонци*. Сега кога станува збор за всушност промена на уставот, можам само да ве охрабрам да ги повлечете сите чекори за да успеете.
Како што пристапувањето на Ѕ. Македонија во НАТО ја направи алијансата посилна и посигурна, вие сте и предност за ЕУ. ЕУ напредува на различностите и различните регионални идентитети и силните мултиетнички демократии како вашата”, порача Бербок во Скопје.