Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, чија земја претседава со Советот на Европската унија, побара од Бугарија да не ѝ поставува дополнителни услови на Македонија за старт на пристапните преговори.
„Под хрватското претседателство испративме важен сигнал за прифаќање на пристапни преговори со Албанија и со Северна Македонија. И сега интензивно работиме на тоа во декември да ја имаме првата меѓувладина конференција. Ние себеси се гледаме како чесни олеснувачи за да се изградат мостови кои се стабилни и сите да можат да поминат. Разговараме за овие прашања и со нашите бугарски партнери, бидејчи треба да работиме врз основа на тоа што го поставивме заедно. Не треба да настапуваме со дополнителни критериуми и услови што не фигурираат во заклучоците од март и на основните принципи за кои се договоривме. Значи, можам само да апелирам за конструктивен дух кај сите“, изјави Рот.