Германија: Оружје за граѓани само со поминат психолошки тест

Берлин подготвува нов закон за построга контрола на оружјето, според кој потенцијалните сопственици ќе бидат подложени на психолошки тест , изјави вчера германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, по смртоносното пукање во салата на Јеховините сведоци во Хамбург.



Таа истакна дека неодамнешниот бран престрелки укажува на потребата од нов закон, пренесе Ројтерс.

Во четвртокот, осум лица се убиени, а некои се тешко ранети во масакр во верскиот центар на Јеховините сведоци во Хамбург во четвртокот вечерта.

Потоа, напаѓачот, кој уби седум лица, се самоуби.

Германскиот државен обвинител изјави дека напаѓачот е германски државјанин и имал дозвола за носење пиштол.

Меѓу жртвите има четворица мажи, две жени и седуммесечно неродено дете.