Откако Австрија најави воведување задолжителна вакцинација во февруари, во соседна Германија посочуваат дека нема да воведат такво нешто во таа земја.
„Такво нешто нема да се случи во Германија“, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас за весникот „Билд“, пренесува Танјуг.
Тој нагласи дека Германија смета дека тоа не е неопходно и тешко уставно да се спроведе.
