Германија има фудбалери колку што Македонија нема граѓани

Во Германија земјата која вчера во квалификациите за Светското првенство 2022 беше поразена од Македонија во Дуизбург има регистрирани фудбалери колку што Македонија има граѓани.

Според официјалните податоци на Фудбалската федерација на Германија во оваа земја има 26 илјади фудбалски клубови со околу 170 илјади фудбалски тимови и над 2 милиони регистрирани фудбалери.

Македонија според официјално достапните резултати има околу 2 милиони граѓани.