Германската издавачка куќа Ravensburger Verlag објави дека ја повлекува својата книга поврзана со новиот филм на Винету, „Младиот поглавица Винету“ и други наслови за популарниот детски литературен херој.
Одлуката уследи по обвинувањата за расизам од левичарски активисти на интернет.
Авторот на романот, Карл Мај (1842 – 1912) се смета за прв автор на овој бестселер во германското говорно подрачје, пишува Гардијан.
Неговите книги се продадени во околу 200 милиони примероци ширум светот и се преведени на 40 јазици.
Приказните се фокусираат на пријателството помеѓу германскиот имигрант во Америка, Олд Шатерхенд, и водачот на Апачи и неговиот брат по крв, Винету.
Романите биле толку популарни што дури и нацистите се воздржувале да ги забранат, иако се сметале дека се спротивни на нивните расни идеали.
Меѓутоа, во жестоката дебата на социјалните мрежи, авторите на книгите за Винету беа обвинети за обновување на расистички стереотипи кои потекнуваат од колонијализмот, како и за културно присвојување во опишувањето на карактеристиките на домородното население.
