Од депортирани вкупно 6.198 странски државјани од Германија, по првата половина од годинава најбројни меѓу нив биле државјаните на Македонија и Албанија, пишува Дојче веле.
Германското МНР објави дека во првата половина од годинава најмногу депортации се направени кон Македонија вкупно 454.
Втора најчеста дестинација за депортациите била Албанија со вкупно 402, а следуваат Грузија и Турција.
Податоците беа откриени на барање на пратеничката група на Левицата во германскиот Бундестаг, која забележува дека германските покраини трошат многу пари за организирање летови за депортации.
-Коалицискиот договор меѓу СПД, Зелените и Либералите кои ја сочинуваат германската влада, предвидува „офанзива за депортација со цел поконзистентно да се спроведе обврската за напуштање на земјата“ – соопшти германското МВР на барање на тамошните медиуми.
