Германија „билда“ најголема НАТО-армија во Европа

Германија наскоро ќе ја има најголемата конвенционална армија во Европа во рамките на НАТО, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, цитиран од Шпигел.

Според него, тоа значително ќе ја зајакне безбедноста на земјата и нејзините сојузници.

Шолц ги отфрли критиките за наводна недоволна воена поддршка за Украина и увери дека земјата ќе испорача повеќе оружје додека се исполнуваат нарачките.

Тој го опиша како „голем проблем“ фактот што германската армија е „структурно недоволно финансирана од 2010 година“, што го ограничи одбранбениот потенцијал на Германија.

Вчера беше потврдено дека германската влада и конзервативната опозиција се договориле да одвојат 100 милијарди евра за модернизација на армијата.

Беше договорено да се формира специјален фонд за воени набавки што ќе му овозможи на Берлин да ја исполни целта на НАТО да потроши 2% од БДП на земјите-членки за одбрана.