Германскиот министер за надворешни работи најави дека ќе го изврши налогот за апсење на рускиот претседател Владимир Путин доколку стапне на германска територија.
Тој додаде дека во случај на доаѓање на Путин, Меѓународниот кривичен суд брзо ќе се обрати до Интерпол и државите потписници на договорот и ќе побара извршување на наредбата, пишува Индекс.хр.
„Германија тогаш ќе биде обврзана да го уапси Путин и да го предаде на Меѓународниот кривичен суд“, рече министерот Марко Бушман.
Хашкиот суд завчера издаде налог за апсење на Путин под сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и нелегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.