Герила акција на “Свети Кирил и Методи”

Студенти на универзитетот Кирил и Методиј денеска, на Денот на патронатот на оваа високообраозовна институција организираа герила акција со цел да упатат повеќе пораки до власта и до јавноста.

На објавените банер пишуваше: Книгите се вечни, власта не е!


Со герила акцијата студентите порачаа дека не смее да се дозволи штетен компромис со Бугарија, дека е погрешно регистрирањето на бугарскиот Универзитет со исто име како најстариот македонски универзитет и дека не смее да се дозволи реформата на министерката Царовска која инсистира на дигаглиазација со која печатените учебници ќе се замени со дигитални.