ГЕРБ со 5% предност пред „Продолжуваме со промената“ на Петков

ГЕРБ на Бојко Борисов, победи на изборите со 25,37 отсто, според обработените 99,40 отсто од обработените гласови на вчерашните трети по ред вонредни избори во Бугарија.

На второ место се „Продолжуваме промената“ со 20,21%, потоа ДПС со 13,66% и „Преродба“ со 10,17%. Петти се БСП со 9,32%.

Демократска Бугарија имаат 7,46% од гласовите на Бугарите. По нив следува „Бугарски подем“ со 4,64%.