Партијата ГЕРБ чиј лидер е експремиерот Бојко Борисов, соопшти дека ќе ги извести европските партнери, како и комесарот за проширување на ЕУ бидејќи вчера македонската гранична полиција не им дозволи влез во земјава на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и четворица други бугарски државјани.

На бугарски европратеници не им бил доволен влез во земјава

„На Ѓурѓовден, кога го почитуваме споменот на загинатите војници за нашата татковина, властите на Република * Македонија го направија невидениот чин и не му дозволија влез на шефот на групата ГЕРБ-СДС во ЕПП, Андреј Ковачев, кој е и портпарол на групата на ЕПП во Европскиот парламент одговорна за проширувањето на ЕУ и Западен Балкан.

ГЕРБ категорично ги осудува овие постапки на властите на РСМ. Ваквите недозволиви мерки, како и сите дејствија во последните месеци против други бугарски државјани или против граѓани на РСМ кои отворено го изјавуваат својот бугарски идентитет, на ниту еден начин не придонесуваат за европската интеграција на Република * Македонија, како и за развој на добрососедски односи меѓу двете земји“ се наведува во објавата на Фејбук страната на ГЕРБ.

Во објавата од ГЕРБ наведуваат дека тие и нивниот лидер Бојко Борисов направиле насочени напори да ја забрзаат европската интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучително и на PCM, потсетувајќи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во 2017 година.