Македонскиот активист од Бугарија, Стојан Герасимов, со свој печат на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во неделата.

„Јас сум Стојан Герасимов, една од жртвите на комунизмот, кои бевме судени за тоа што сме Македонци. Нам не ни даваа право да кажеме дека сме Македонци. А и не само да кажеме, туку и да не мислиме дека сме Македонци. Никој не сака да има Македонци. Зошто? Затоа што Македонците се основата на Балканот. Ние знаеме дека оние Македонци кои не се срамат да кажат дека се Македонци, тие јавно изјавија насекаде дека се Македонци. Еден од нив е Димитар Благоев, познат на сите Македонци и на другите. Тој не се срамеше да каже дека е Македонец. Така, и јас сакам и ние да не се срамиме, да не се криеме дека сме Македонци. Да не се двоиме од Македонија. Само така можеме да сме заедно и да победиме сè што е пред нас. Пред нас е вистината, а вистината никогаш не отстапува. Искривувана, изопачувана, но никогаш нема да остане отворена. Вистината е животот. И ние живееме со надеж дека, порано или подоцна, Македонците ќе ги добијат оние права што ги имаат сите демократски држави. Ние имаме право на тоа. Целиот живот ни помина во борби против оние што не ја сакаат Македонија или сакаат да ја преземат. Но, ние ја сакаме нашата Македонија и не се срамиме дека сме Македонци. И ве молам, не срамете се никогаш, имајте гордост“, порача пред споменикот на Благоев еден од основачите на Сојузот на репресираните Македонци во Бугарија, чиј обид за регистрација е одбиен од Окружниот суд во Благоевград.