“Геостратезите” на Илинденска обвинети дека со Турција ја плашат ЕУ

Геополитичките стратези на власт во Македонија ја уценуваат ЕУ за отворање преговори со играње на турска карта, анализира од Брисел Арбен Фетаи, одговорен за надворешна политика во Алијансата за Албанците.

Фетаи кој работи во Брисел смета дека средбата на Зоран Заев и Венко Филипче во резиденција на турскиот претседател Реџеп Таир Ердоган е обид на властите во Скопје да и упатат порака на ЕУ дека ако не даде преговори за членство ќе дозволи поголемо турско влијание во Македонија.

“Ќе влеземе во ЕУ кога крадците ќе влезат во затворот, а не со слики во близина на Босфор. Овие геополитички стратези играат на турската карта за влијание за да ја исплашат ЕУ”, пишува Фетаи која важи за одличен познавач на состојбите во ЕУ.

Пред неколку дена без предходна најава премиерот Заев и министерот Филипче беа на службена вечера со Ердоган во Истанбул без присуство на медиуми.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10223854512926671&id=1110901901