Некогашниот премиер Љупчо Георгиевски оценува дека Македонците и Бугарите по најновото затегнување на односите „се изгубиле“.

„Сто пати зборувам за проблемот на историјата, дека за неа треба да се разговара само интелектуално. Ние, едноставно, се изгубивме. Веќе не знаеме што зборуваме и за што разговараме. Ние требаше заедно да славиме некои личности. Што да коментираме сега, кога пред три години, пред да почнат разговорите за историјата, многу понормално од денес се положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Значи, едноставно, се изгубивме некаде по патот“, изјави лидерот на ВМРО-Народна партија за бугарското Радио Фокус.