Лидерот на ВМРО Народна партија, Љупчо Георгиевски, ја осуди реакцијата на поголем дел од македонската јавност, како што вели, за претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на клубот на Бугарите „Цар Борис Трети“ во Охрид.

„Загрижувачки и застрашувачки е обидот на поголем дел од македонската јавност да го оправда тешкото насилство на 22-годишно момче, со скршена вилица на устата, скршени ребра и пукнат пршлен. Прогласен за најактивен волонтер на Црвен крст за 2021 во Охрид“, коментира некогашниот премиер на Фејсбук.